АМД Стрела

Редовен технички преглед

Периодичниот технички преглед е детален технички преглед над моторните и приклучните возила, а се врши со преглед врз неговите пропишани системи, составни делови,самостојни технички единици, опрема, пропишаните барања во поглед на заштита на животна средина и намалување на влијанието на техничката исправност во нарушување на општата безбедност во сообракајот на патиштата.

Според член 51 од законот за возила дадени се рокови за извршување на редовни технички прегледи и тоа:

Напомена

Патничките возила кои од првата регистрација не се поминати осум години, периодичниот технички преглед треба да биде направен на секои две години.

Лесните приколки, приколките за домување и посебните приклучни возила за превоз на чамци,водени скутери и други уреди за спорт и рекреација чијашто најголема вкупна маса е над 750 кг, но не поголема од 3500 кг, треба да бидат технички прегледани на секои четири години.

За возила кои биле регистрирани во странство,првиот технички преглед се врши пред првата регистрација во РМ, а периодичните согласно претходните ставови од овој член.

Периодичниот технички преглед се врши заради проверка на техничката исправност на сите моторни и приклучни возила и воедно представува предуслов за регистрација и задолжително осигурување на возилото.