АМД Стрела

АМСМ Услуги

АМСМ Стрела во соработка со АМСМ Услуги врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.

Претставува постапка за испитување на преправено возило со која се врши мерење на пропустливоста на светлина преку стаклата на кои има вградено фолии за затемнување. Со постапката се утврдува дали се исполнети пропишаните законски барања и дозволената затемнетост на стаклата. Потребни документи: – Сообракајна дозвола на возилото – Упатница за а-тест од МВР

Претставува постапка на испитување на преправено возило со вграден уред за ТНГ (Течен нафтен гас). Со постапката се прави преглед на вградениот уред , пропусливоста и поставеноста на исталацијата на уредот. Потребни документи: – Сообракајна дозвола на возилото – Упатница за а-тест од МВР – Документи од вградувачот на уредот

Претставува постапка со која се потврдува дека единечното возило, уникатно или не, ги исполнува соодветните одредби од Законот за возила, прописите и соодветните технички барања кои произлегуваат од овој закон. Потребни документи: – Царинска декларација – Договор за купопродажба или фактура за купување – Странска сообракајна дозвола – ТУВ сертификат за увоз на возило