АМД Стрела

Осигурување од автомобилска одговорност и зелен картон

ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Заради заштита на трети лица и нивниот имот од последици на сообраќајна незгода, како сопственик на моторно возило сте должни, по закон, да склучите полиса за осигурување од автомобилска одговорност, со што се осигурува надоместот за штети кои ќе настанат како последица на сообраќајна незгода.

Со купување полиса за автомобилска автоодговорност, ја осигурувате вашата одговорност кон другите учесници во сообраќајот. Сите материјални и нематеријални штети кои се последица на сообраќајна незгода нема да претставуваат ваша обврска, туку обврска на осигурителната компанија од која сте ја  одбрале вашата полиса.

ЗЕЛЕН КАРТОН

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји – членки наведени во полисата.

Премија за издавање на зелен картон