Што е АМСМ Членство?
Добредојдовте во заедницата на АМСМ членови.
Меѓу нив има нови, но и веќе искусни возачи. Такви кои управуваат со сопствен, но и со службен автомобил, а сега дел од неа се и оние на кои велосипедот им е омилено градско превозно средство.
Без оглед дали патувате во земјава или надвор од неа, АМСМ членската картичка ќе ви биде пријател на секое ваше патување.
Патувајте БЕЗГРИЖНО!
Изберете АМСМ Членска картичка според вашите потреби.
КЛАСИК ЧЛЕНСТВО
НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ОСАМЕНИ
Classic членството е наменето за физички лица. Ви овозможува членските услуги да ги користите без оглед дали сте возач или присутни во свое или туѓо возило. Возилото треба да е уредно регистрирано со македонски регистарски таблички и да гласи на физичко лице, бидејќи членството се однесува на Вас, а не на возилото. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:
1. Вкупна маса до 3,5 тона и
2. Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м.
Доколку прв пат се зачленувате или имате прекин во членството подолг од 30 дена, тогаш бесплатните услуги за пренос на возило во случај на дефект и сообраќајна незгода може да ги користите после 7 дена.
БИЗНИС
ЧЛЕНСТВО И ВАШИОТ БИЗНИС НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАСТАНЕ!
Business членството е наменето за мали, средни и големи компании кои располагаат со сопствени службени возила и возен парк. Членските услуги се однесуваат на службеното возило и истите можете да ги користите само кога управувате со возило кое има АМСМ членство. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила, со следниве карактеристики:
- Вкупна маса до 3,5тона и
- Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5м
Доколку првпат се зачленувате или имате прекин во членството подолг од 30 дена, тогаш бесплатните услуги за пренос на возило во случај на дефект и сообраќајна незгода може да ги користите после 7 дена.
ЕВРОПА ПРЕМИУМ
ЧЛЕНСТВО И ВО ЕВРОПА ИСТО КАКО ДОМА!
Europe Premium членството е наменето за физички лица и Ви овозможува членските услуги да ги користите и кога управувате со сопствено и кога управувате со туѓо моторно возило. Возилото треба да е уредно регистрирано, со македонски регистарски таблички и да гласи на физичко лице, односно членството се однесува на зачленетото лице, а не на возилото. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила, со следниве карактеристики:
- Вкупна маса до 3,5тона и
- Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5м
Доколку првпат се зачленувате или имате прекин во членството подолг од 30 дена, тогаш бесплатните услуги за пренос на возило во случај на дефект и сообраќајна незгода може да ги користите после 7 дена.
БИЗНИС ЕВРОПА ПРЕМИУМ
ЗА БЕЗГРИЖНИ СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА!