АМД Стрела
Технички
преглед

Во Македонија првиот технички преглед, во зависност од видот на возилото, се извршува една, две или четири години по првата регистрација.
- Една година – автобуси, товарни возила, возила за превоз на опасни материи, возила за јавен превоз на патници, приклучни возила…
- Две години – мобилни машини, трактори и моторни возила со најмалку четири тркала, кои се користат за превоз на патници со не повеќе од 8 седишта, со исклучок на возачкото седиште.
- Четири години – лесни приколки.
Периодичните технички прегледи на возилото се извршуваат на 6 месеци, година дена, две или четири години.
- Шест месеци – автобуси, товарни возила, возила за превоз на опасни материи, возила за јавен превоз на патници…
- Една година – мобилни машини, трактори и моторни возила со најмалку четири тркала, кои се користат за превоз на патници со не повеќе од 8 седишта, со исклучок на возачкото седиште.
- Две години – доколку од првата регистрација на возилата од претходната точка нема поминато 8 години, периодичниот преглед се врши на две години.
- Четири години – лесни приколки, приколки за домување и посебни приклучни возила за превоз на чамци, водени скутери и други уреди за спорт и рекреација под 3500 кг.

АМД Стрела
Наши услуги
Имате прашања? Побарајте не! 034 321 088

