Согласно настанатите законски измени и дополнувања во “Правилникот за формата и содржината на образецот во барањето за издавање на пробните таблици , формата и содржината на регистарските таблици и за пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката за нивно издавање” пропишано е дека:
(1)На сите регистарски таблици кои ја содржат буквената ознака “МК”, се става налепница со идентична димензија како вертикално поставената ознака “МК”, на која е испишана националната ознака “НМК”.
(2)На сите регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака “МК”, во делот пред регистрационото подрачје се става налепницата на која е испишана националната ознака “НМК”.
(3)Налепницата од ставовите (1) и (2) на овој член е изработе од рефлектирачка фолија која е отпорна на временските услови и други надворешни влијанија.
Поради горенаведеното а со цел правилно и стручно да се спроведе постапката на поставување на налепници на кои е испишана националната ознака “НМК” на постојните регистарски таблички на возилата на пропишаното место на кое е/не е испишана буквената ознака “МК”, потребно е истото да биде извршено од страна на стручните лица контролори на станицата за технички преглед.
Клиентите при доаѓање во станицата за технички преглед пополнуваат барање а стручните лица се должни налепниците да ги постават на регистарските таблички на возилото водејќи сметка притоа истите да бидат поставени на пропишаното место.
Станицата за технички преглед АМД Стрела ги известува своите клиенти дека, според најавата, од утре ќе бидат достапни налепниците НМК.




