АМД Стрела

АМД Стрела

Регистрација

Продолжување на регистрација

Сопственикот на моторното возило има обврска после истекот на важноста на регистрацијата да ја продолжи важноста на регистрацијата на моторното возило.

Регистрација на ново возило

Што значи ново купено возило? Ново купено возило е возило кое претходно не било регистрирано ниту еднаш во било која држава.
Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши технички преглед на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Регистрација на увезено возило

Сопственикот на увезеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши технички преглед на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Одјава на возило

Возилото се одјавува во местото каде што е регистрирано односно во полициска станица во општината на сопственикот на возилото.

Промена на сопственост

Промена на сопственост се врши кога се менува сопственоста над моторното возило во исто регистрационо подрачје. По купување на моторното возило обврска е на новиот сопственик купеното моторно возило да го запише како своја сопственост.

Пријава на возило

Возилото се пријавува во регистрационото подрачје односно местото на живеење на сопственикот на возилото.