АМД Стрела

Одјава на возило

Возилото се одјавува во местото каде што е регистрирано односно во полициска станица во општината на сопственикот на возилото.
Возилото се одјавува од повеќе причини и тоа:

1. Дотраено
2. Отпишано
3. Оштетено
4. Уништено
5. Изгубено
6. Продадено
7. По службена должност
8. Промена на општина
9. Извезено

Постапката за одјава на возилото е следна:
– Одјавата на возилото ја врши лично сопственикот на возилото;
– Доколку се работи за правно лице кое го одјавува моторното возило тогаш е потребно полномошно за лицето кое ќе ги одјавува регистарските таблички во име на правното лице;
– Сопственикот на возилото поради една од горенаведените причини во Станицата за технички преглед на АМД со сообраќајната дозвола од возилото пополнува барање за одјава на возилото;
– Со пополнетото барање за одјава на возилото сопственикот на шалтерот во МВР го одјавува возилото каде ги враќа старите регистарски таблички и сообраќајната дозвола од возилото, а само доколку се врши продажба на тоа возило во друга општина таа сообраќајна дозвола во постапка се поништува (се става одјавен печат на сообраќајната дозвола и се запишува името и презимето на новиот сопственик и регистрационото подрачје каде возилото ќе се регистрира) и сообраќајната дозвола му се предава на новиот сопственик;

Потреби документи за одјава на возило се: