Со зголемувањето на бројот на возилата во сообраќајот значително се зголемува загадувањето од издувните емисии кои допринесуваат до зголемен морбидитет, како на пример од кардиоваскуларни и пулмонални заболувања. За подигнувањето на свеста за штетноста од овие емисии, Европската Комисија во март 2023 донесе препорака со цел зачувување на јавното здравје и животната средина, да се осигура дека возилата што сообраќаат на патишта се правилно одржувани и тестирани за да можат да ги задржат своите перформанси, без прекумерна деградација во текот на нивниот животен век.
Со таа цел во се повеќе испитни центри во Европската Унија се воведуваат уреди кои го испитуваат бројот на PN честичките во издувната емисија на возилата со дизел мотори. Таков уред е и MAHA Particle Counter-от, кој веќе успешно се применува кај нас во АМД Стрела.
MAHA Particle Counter




